Димитриевски останува на ставот дека состанокот бил на барање на владата

Градоначалникот вели дека сѐ уште не добил објаснување од министерот Филипче и дека побарал повторно да се тестира за да може да се врати на работа. Сакам да верувам дека е направена ненамерна грешка, пишува Димитриевски.

468

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски преку Фејсбук реагира дека извештајот на Државниот санитарен инспекторат се уште не е доставен до Општинскиот кризен штаб и бара од инспекторката тоа да го стори во најкус можен рок.

– Останувам на ставот дека состанокот е организиран по барање на владата и затоа е одржан во поголем простор а не како на редовните состаноци. Зачудува некоординираноста и меѓусебната неинформираност во Министерството за здравство и органите под нивна надлежност дека членовите на општинскиот штаб се тестирани три дена претходно на барање на епидемиолозите, пишува Димитриевски.






Тој објаснува дека никој од членовите не знаел дека е позитивен, иако резултатите во Центарот за јавно здравје биле готови тој ден, ниту пак имало протокол за задолжителна самоизолација по извршено тестирање.

Тој вели дека дополнителните тестови покажале дека сите се негативни, што според него, дава друга димензија. Димитриевски уверува дека се почитувани безбедносните процедури за што има и докази.
Градоначалникот вели дека сѐ уште не добил објаснување од министерот Филипче и дека побарал повторно да се тестира за да може да се врати на работа.

– Сакам да верувам дека е направена ненамерна грешка, пишува Димитриевски.

 

Поврзани содржини