Димитриевски: Општинските административци ќе доставуваат кислородни боци во болницата

Во оваа прилика, даваме  и една скромна донација од страна на општината до болницата. Тоа се заштитни одела и заштитни визири коишто ќе се користат во делот на лекување на пациентите заболени од вирусот ковид-19, рече кумановскиот градоначалник.

453

Во изминатиот период се соочуваме со една незапамтена криза и сите заедно учествуваме во тоа. Успеавме да реализираме поголем број на заеднички проекти и еден од тие е модуларната ковид болница. Се надевам дека што побрзо ќе успееме да направиме и целосна гасификација на болницата, бидејќи ЈП Куманово Гас веќе постави пункт за испорака на гас во болницата, изјави кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски по посетата на Општата болница по повод 7 април – Светскиот ден на здравјето.

Градоначалникотинформираше дека по одлука на општинскиот штаб за заштита и спасување, вработени од општинската администрација и јавните претпријатија ќе учествуваат и ќе волонтираат во делот на дистрибуцијата на оксигенски боци во одредени периоди од денот кога е потребно во болницата, се со цел да се даде дополнителна сила и можност здравствените работници дополнително да се ангажираат на други места.






– Во оваа прилика, даваме  и една скромна донација од страна на општината до болницата. Тоа се заштитни одела и заштитни визири коишто ќе се користат во делот на лекување на пациентите заболени од вирусот ковид-19. Апелирам до сите наши сограѓани да ги почитуваат мерките, бидејќи бројките од ковид епидемијата се многу сериозни во нашиот град. Особено упатувам апел до младите луѓе да се избегнува групирање, да се држи минимум дистанца, да се носат заштитни маски. Тоа е најмалку што можеме да направиме во овој момент за да им ја олесниме работата на сите здравствени работници – рече Димитриевски.

 

Поврзани содржини