ДИМИТРИЕВСКИ НА СРЕДБИ СО ГРАЃАНИТЕ Ќе работиме исклучиво за граѓанскиот интерес

На средбите, Димитриевски ги повика неговите сограѓани да се приклучат на граѓанскиот концепт „За наше Куманово“, затоа што е победничкиот концепт.

551

Независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски, вечерва беше на средби со граѓаните од село Лопате, населба Иго Тричковиќ и Перо Чичо (Гладно Поље).

На средбите, Димитриевски ги повика неговите сограѓани да се приклучат на граѓанскиот концепт „За наше Куманово“, затоа што е победничкиот концепт.






– Придружете се на оваа иницијатива, нѐ има од сите возрасти, етнички заедници, со различни идеи и ставови. На овие избори во Куманово победуваат граѓаните. Ќе работиме искрено и чесно, исклучиво за граѓанскиот интерес -рече Димитриевски.

Поврзани содржини