Димитриевски на Фејсбук: СДСМ води со 4.000 гласови во Куманово
„Моментален пресек во Куманово: СДСМ - 16.347, а ВМРО - 12.800. Се очекуваат резултати од уште 16 гласачки места. Честитки за граѓаните на Куманово“, напиша Димитриевски.
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на Фејсбук објави дека неговата партија СДСМ во Куманово засега има предност од скоро 4.000 гласови во однос на ВМРО-ДПМНЕ.
„Моментален пресек во Куманово: СДСМ – 16.347, а ВМРО – 12.800. Се очекуваат резултати од уште 16 гласачки места. Честитки за граѓаните на Куманово“, напиша Димитриевски.