Градоначалникот на Куманово и кандидат за нов мандат, Максим Димитриевски, најави изградба на градинка во населбата Зелен Рид. Градинката ќе биде изградена на локација за која во минатото биле издвојувани големи износи како отштета за поранешните сопственици на земјиштето.
– Дојде време денес да се обезбедат средства со кои ќе се изгради нова детска градинка за повеќе од 400 деца. Целосно урбано ќе се среди целиот простор околу неа, со што дополнителнои ќе се придонесе за облагородување на изгледот на оваа населба – рече Димитриевски.
Тој најави изградба и довршување на сите краци од улицата АВНОЈ, како и целосно поставување на фекална канализација, со што ќе се надмине деценискиот проблем за жителите во тој дел на Куманово.
– За сите проекти се обезбедени средства од Владата и во следниот период општината ќе ги реализира целосно – нагласи Димитриевски.
Тој ги повика граѓаните да му ја дадат поддршката и во вториот круг за, како што рече, Куманово да продолжи да расте и да се развива.