ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПОСЕТИ ПАЗАРЏИИТЕ Граѓаните слушнаа и за новите 800 проекти

Независниот кандидат за Куманово рече дека во наредните четири години, во план за реализација се над 800 проекти преку кои ќе го подобриме севкупниот квалитет на живот.

235

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски денеска го посети зелениот пазар на булулевар Октомвриска револуција во Куманово, каде што со граѓаните разговараа за сите досегашни имплементирани проекти, како и за проектите кои следуваат во следниот мандат.

– Задоволни сме ние, но задоволни се и граѓаните од развојот во овие четири години кој мора да продолжи и натаму. Во наредните четири години, во план за реализација се над 800 проекти преку кои ќе го подобриме севкупниот квалитет на живот. „За наше Куманово“ е граѓанска иницијатива од граѓаните за граѓаните. Иницијатива преку која секој граѓанин може да се вклучи со свои идеи, сугестии и концепти за подобро, похумано и поразвиено Куманово – рече во разговорот со пазарџиите Димитроевски.






На 17 октомври, додаде тој,  поддржете нè и дозволете ни дапродолжиме со реализација на локалните политики кои значат подобар живот за сите кумановци.

Поврзани содржини