ДИМИТРИЕВСКИ Е УБЕДЛИВ ФАВОРИТ ЗА КУМАНОВО Скоро половина кумановци би гласале за актуелниот градоначалник (ГРАФИКОН)
Димитриевски има 42,7 отсто од гласовите, Оливер Илиевски од СДСМ има 19,2 проценти, Тони Михајловки е со 8,9 отсто, Теодора Димитровска од ЛДП и ДОМ со 0,8 остто и Бесим Салију од Алијанса за Албанците и Алтернатива 2,5 проценти од гласовите, покажува анкетата на „М проспект“
Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, има убедливо висок рејтинг во пресрет на локалните избори.
На анкетата споредена од „М проспект“ во периодот од 15 до 22 септември, Димитриевски има 42,7 отсто од гласовите, Оливер Илиевски од СДСМ има 19,2 проценти, Тони Михајловки е со 8,9 отсто, Теодора Димитровска од ЛДП и ДОМ со 0,8 остто и Бесим Салију од Алијанса за Албанците и Алтернатива 2,5 проценти од гласовите.
Слична е и состојбата со гласовите за листите на советници. За Наше Куманово, граѓанската листа поддржана од Максим Димитриевски ќе гласаат 37.8 проценти од испитаниците, за листата на СДСМ – 12 отсто, за листата на ВМРО-ДПМНЕ – 9 проценти, Алијанса на Албанците и Алтернатива – 2,5 отсто, за БЕСА 1,1 проценти и за другите листи се под 1 отсто.
Според анкетата, дури 56 отсто од кумановците сигурно ќе излезат на изборите. Анкетата е спроведена на репрезентативен примерок од 1.003 испитаници.