Почитувани сограѓани, бројот на позитивните од ковид 19 во Куманово евидентно се зголемува. Одлуката за ограничување во движење е неопходна, треба сите да ја почитуваме за да се спречи пандемијата, напипа кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на својот профил на Фејсбук, еден час пред да почне полицискиот час во Куманово, вечерва од 21 часот и ќе трае до понеделник до 05 часот.
„Дали требаше да се најави, да секако, општинскиот штаб за заштита и спасување тоa го бара уште од 22 март, тоа што поединци целово оваа време неодговорно се однесувсаат и не ги почитуваат препораките и мерките на штабот и Владата не доведува сите во сеопшта опасност од пандемија. Треба да сме свесни и дисциплинирани можеме да издржиме до понеделник, тие што немаат можност да се снабдат со најнеопходното ќе добијат асистенција овие два дена. Колективното здравје е приоритет број еден. Жалам за сето ова низ што поминуваме сите заедно. Апелирам на смиреност и без паника ќе го надминеме и ова“, напиша Димитриевски.
Градоначалникот на Куманово им порача на своите сограѓани: „Целта е да го спречиме ширењето на вирусот, држете дистанца и останете дома“.