Димитриевски бара Борисов да се извини или да прекинат преговорите со Бугарија ВИДЕО

Вицепремиерот на Бугарија Красимир Каракачанов по интервјуто на премиерот Зоран Заев рече дека „според стара бугарска изрека, на Бугаринот умот му доаѓа идниот ден, така и на колегата Заев“.

2,745

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски од СДСМ преку Фејсбук бара бугарскиот премиер Бојко Борисов да се огради од изјавата на вицепремиерот Красимир Каракачанов кој по интервјуто на премиерот Зоран Заев рече дека „според стара бугарска изрека, на Бугаринот умот му доаѓа идниот ден, така и на колегата Заев“. Во спротивно Димитриевски бара да прекинат разговорите со Бугарија.

– Срамни и понижувачки се ваквите шовинистички изјави на Каракачанов. Доколку премиерот на Република Бугарија г-дин Борисов не се огради од ваквите навредливи изјави на неговиот вицепремиер Каракачанов потребно е да се стопираат разговорите и преговорите во врска со едностраниот спор. Да се изгради сеопшт национален консензус во Македонија по прашањето и да се продолжи понатаму со разумни луѓе од другата страна кои што нема да провоцираат и собираат евтини политички поени туку ќе бараат решение – смета Димитриевски.






Тој додава дека ваквата изјава е навреда не само за премиерот туку и за целиот македонски народ и сите граѓани.

– Очекувам дека и колевката на демократијата и човековите права и слободи Европската Унија и официјално ќе ги осуди ваквите навредливи изјави од страна на бугарските официјални лица. Министерството за надворешни работи веднаш треба да го повика бугарскиот амбасадор и да му врачи остра протесна нота – вели Димитриевски.

Поврзани содржини