Димитриеска Кочоска: Зошто НБ го одби барањето на Еуростандард за воведување на администрација?

Претседателката на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ смета дека погрешната одлука на НБ придонела за пропаѓање на Еуростандард банка.

993

ВМРО-ДПМНЕ обвини денеска дека кога СДСМ е на власт секогаш пропаѓаат банки, а за тоа се користи и Народната банка.

Претседателката на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска на денешната прес конференција рече дека пропаѓањето на Еуростандард банката е дел од таквата политика на СДСМ, но е резултат и на погрешните одлуки на Народната банка.    .






– Сопственикот на банката Еуростандард кажа дека било побарано од НБРМ воведување  администрација, можност која ја дава Законот за банки и членот 135, односно банките со проблематични пласмани да бидат директно контролирани од НБРМ со цел да ја пребродат кризата. Таквиот план според изјава на сопствеништвото на банката бил одбиен од НБРМ, со што уште повеќе се зголемуваат сомнежите дека зад пропаѓањето на банката има скриени бизнис мотиви и на тоа се работело подолг период. Со ова се забрзало пропаѓањето на банката – рече Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека при тоа бил попречен  предлогот за воведување администрација и продажба на банката.

– Се поставува прашањето на Комитетот за финансиска стабилност за Еуростандард банка, Комитет во кој заедно учествуваат гувернерката на НБРМ и министерката за финансии. Значи, бил попречен предлогот за продажба на банката и за воведување на администрација.Пропаѓањето на Еуростандард банка, вториот ТАТ е поради скриени бизнис интереси на одредени структури. Одговорот на оваа дилема седи и во тоа кој предвреме ги извадил и повлекол парите од банката и кои  компании блиски до власта најчесто соработувале со оваа банка – рече Димитриеска Кочоска.

Таа ги наброја банките кои во време на владеење на СДСМ во текот на изминатите 30 години пропаднале.

– Секогаш кога СДСМ раководи со буџетот имаме скандали и корупција поврзана со финансиското работење. Државава во својата триесет годишна историја зад себе има неколку големи банки кои пропаднаа и сите за време на владите на СДСМ или гувернери на НБРМ поставени од СДСМ, како што е пропаста на Алмако банка, ТАТ, Експорт Импорт банка, Македонска банка, Радо Банка, Југо банка, штедилниците ТАТ, Алфа С, Лавци. А во оваа неславна статистика од пред два дена се впишува и Еуростандард банка.Со овој најнов случај се продолжува праксата на измамени штедачи пропаднати бизниси и удари врз финансиските текови – рече Димитриеска Кочоска.

 

Поврзани содржини