ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА ОЦЕНИ ДЕКА НЕ СЕ ЗГОЛЕМУВА ДОДАДЕНАТА ВРЕДНОСТ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО СО СУБВЕНЦИИТЕ Најави евтини кредити за преработувачите и земјоделците

Министерката за финансии најави дека Министерство за финансии подготвува дополнителни производи преку Развојната банка, коишто ќе значат малку поголема поддршка на преработувачката индустрија.

920

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска е загрижена од дефицитот во трговијата со странство, посебно од  големиот увоз на храна во земјава и очекува наредните политики да дадат ефекти во оваа област.

Таа рече дека политиката во овој сектор ја води Министерството за земјоделство, но Министерството за финансии може само да насочи дел од парите за кредитирање во земјоделството.






-Ние ќе насочиме повеќе кредити со поволни камати преку Развојната банка кон земјоделството, претпријатија преработувачи и ќе гледаме да ги поврземе со домашните земјоделци, со цел да имаме поголем ефект и искористување од тоа што тие го произведуваат за да придонесеме за зголемување на производството и за намалување на увозот на храна, но политиката ја води Министерството за земјоделство. Сепак, можам да се согласам со констатацијата дека не се зголемува додадената вредност од трошењето на парите за субвенции – рече таа.

Димитриеска Кочоска најави дека Министерство за финансии подготвува дополнителни производи преку Развојната банка, коишто ќе значат малку поголема поддршка на преработувачката индустрија.

-Сето тоа е во насока колку повеќе имаме преработувачка индустрија и да искористиме што е можно повеќе производи од нашите земјоделци и тоа ќе значи дека притисокот на увозната страна за храна би требало да се намалува. Сето она што е во надлежност не само на Министерството за финансии и на Владата се прави и токму затоа ги даваме и овие 250 милиони евра за приватниот сектор преку Развојната банка – рече таа.

Според неа, досега 125 милиони евра се веќе исплатени кон приватниот сектор и тука, како што рече, очекува да има одредени ефекти.

Поврзани содржини