Димитриеска-Кочоска: Обвинувањата на Филипче се отфрлени со решението кое го донесе ДИК

Јас не гледам ништо што е паметно во целиот овој Буџет затоа што развојно нема ништо. Се повторно се сведува на расфрлање на пари за непродуктивни цели и тоа нема да не доведе до стапка на раст од 5,95 проценти - вели таа.

483

Гордана Димитриеска- Кочоска, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во централниот дневник на телевизија Сител, за обвинувањата на министерот за здравство Венко Филипче дека таа е одговорна поради тоа што не се реализирале сите оние модуларни болници, нагласи дека не чувствува апсолутна никаква вина додавајќи дека и Државната изборна комисија се произнесила во однос на ова и донела решение во кое кажува дека кредитот со Светска банка никако не е прашање поврзано со изборите.

– Да не заборавиме дека јас потпишав една милијарда евра пари нови задолжувања кои што требаше да отидат во поддршка и борба со здравствената криза. Кажете ми дали 0,5 проценти од тие една милијарда евра отидоа за здравство? Кажете ми дали се набави некои ново амбулантно возило, дали се купи некој нов кревет? Значи ништо во тој дел не се направи и притоа најлесно е вината да ја префрлите на некој друг. Најодговорно тврдам дека немам апсолутно никаква вина во овој дел, а дотолку повеќе што Државната изборна комисија се произнесе по однос на ова прашање. Законот за техничка влада јасно кажува дека кога постои неусогласеност помеѓу министерот и дополнителниот технички заменик министер дека може да се достави барање до Државната изборна комисија која што треба да се произнесе дали треба да биде потписот врзан или не, имаме одлука од ДИК каде што јасно кажува дека кредитот со Светска банка никако не е прашање поврзано со изборите. Така што апсолутно нема потреба од мој потпис и тука нема што повеќе да се додаде од фактото дека министерката за финансии во тој период можеше самата да си го потпише кредитот, а зошто не го потпиша треба да одговри таа – вели Димитриевска-Кочоска.






На прашањето, до каде е целата постапка за случајот ТЕ-ТО бидејќи заедно со тогашниот технички инистер за внатрешни работи Наќе Чулев, Димитриевска-Кочоска поднела кривична пријава рече дека станува збор за тежок криминал, но се уште нема никава правна разрешница бидејќи се додека имаме вакво правосудство предметите се чуваат во фиоки на ОЈО.

– Се додека предметите стојат во одредени фиоки, ние не можеме да тргнеме напред и ова можеби не е предмет од интерес на сите граѓани на Република Македонија, меѓутоа 2700 акционери во Топлификација имаат сериозен проблем. Станува збор прво за нивни повеќе од 32 милиони евра пари кои што не можат да си ги повратат назад заради овој криминал кој што се случува и заради тоа што ние немаме правосудство како што и сите предмети за кои што треба да се одлучуваат се задржуваат во фиоките на ОЈО – изјави Димитриеска-Кочоска.

Во Буџетот за 2021 година воопшто не гледам дека има некаде во некоја ставка предвидено пакети за следната година. Многу е битно во делот на УЈП да ги детектира оние дејности кои што се многу погодени и посебно да обрне внимание на данокот на добивка, затоа што секое одолговлекување од месец за месец за одлагање на данокот и нивната обврска да го плаќаат данокот само им прави оптоварување и на некој начин им ја пореметува и онаа ликвидност која и во овој момент им е отежната и ако тоа не го спроведат до крајот на годината, тогаш за следната година ќе биде без предметно зошто фирмите кои годинава имаат мали добивки односно загуби, следната година нема ни какви аконтации на данок да плаќаат, а кои ќе бидат тие фирми, оние кои што беа најпогоден во 2020 година, вели Гордана Димитриеска-Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија Сител.

Во однос на забелешки за Буџетот за 2021 година Димитриеска-Кочовска додаде дека истиот се сведува на расфрлање на пари за непродуктивни цели, посочувајќи дека вака поставен нема да ја доведе македонската економија до стапка на раст од 5,95 проценти во 2025.

– Јас не гледам ништо што е паметно во целиот овој Буџет затоа што развојно нема ништо. Се повторно се сведува на расфрлање на пари за непродуктивни цели и тоа нема да не доведе до стапка на раст од 5,95 проценти како што е повторно наведено во овј Буџет за 2025 година, во кој што вели дека целта на оваа влада е преку ваквиот развоен Буџет 2025 година да ја завршиме со 5, 95 проценти стапка на раст со БДП и тоа не може да се случи со ваков буџет, рече таа.

Димитриеска-Кочоска додаде дека генерално големите забелешки се однесуваат во овој дел, и уште една забелешка тие имаат за 2021 година, 570 милиони евра дефицит или ново задолжување.

– Во суштина ваквиот начин на проектирање не враќа само години наназад бидејќи ние ги расфрламе на некој начин парите кои што ги оставаме на терет на идните генерации бидејќи задолжувањата ќе треба тие да ги враќат – вели таа.

Поврзани содржини