ДИМИТРИЈЕВИЌ ИМА КВАЛИТЕТ И ВЕРУВАМ ВО НЕГО Месина застана во одбрана на македонскиот плејмејкер

Верувам дека сите момци и Димитријевиќ имаат квалитет и верувам во него. Ајде ние да продолжиме да работиме, па ќе го достигнеме нашиот целосен потенцијал, изјави тренерот на италијанската екипа.

1,163

Порталот Еурохупс објави интервју со италијанскиот тренер Еторе Месина, во кое коментираше и за нашиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој во Евролигата во првиот меч имаше 10 поени, шест скока и пет асистенции, додека во вториот заврши со девет поени, со шут 0/2, 3/7 за три и три загубени топки.

Тренерот Еторе Месина говореше за македонскиот плејмејкер и застана во негова одбрана.






– Верувам дека сите момци и Димитријевиќ имаат квалитет и верувам во него. Ајде ние да продолжиме да работиме, па ќе го достигнеме нашиот целосен потенцијал – изјави тренерот на италијанската екипа Олимпиа Милано.

 

Поврзани содржини