Дилери од гостивар од автомобил фрлиле ќеса со херион бегајќи од полицијата

260

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при ОВР Гостивар, вчера во близина на Неготински мост, атар на село Врапчиште, ги привеле гостиварците  Н.Д.(34) и Ш.Д.(50), бидејќи кај нив нашле хероин.

– Додека Ш.Д. управувал патничко возило „пежо“, со гостиварски регистарски ознаки, во кое како сопатник бил Н.Д., од страна на полициски службеници бил даден знак за сопирање, но возилото не застанало и се оддалечило, а од него била исфрлена ќеса со кафеава прашкаста материја, која била пронајдена и одземена. Двете лица набрзо се приведени во ОВР Гостивар за понатамошна постапка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок – велат од МВР.

Поврзани содржини