ДИЛАЛЕ ДОГОВАРАЈЌИ СЕ ПРЕКУ СНАПЧАТ, ГИ ФАТИЛЕ СО „СЕЛЕБРИТИ“ СИСТЕМОТ Обвинетите 10 лица блиски до Штекли делувале во Аеродром

Од ОЈО ГОКК, посочуваат дека за истрагата од голема помош бил „селебрити“ системот за екстракција на податоци од телефони и електронски уреди, кој е донација од амбасдата на САД. Без таква опрема не може да се гони ваков криминал, бидејќи, како што посочуваат, од одземените во истрагата уреди и телефони и нивното вештачење се добиле исклучителнижо важни податоци кои биле од помош за истрагата.

633

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ОЈО ГОКК денеска на брифинг со медиумите информираше дека е поднесено обвинение против десет лица за продажба на дрога, најчесто во Аеродром и локали на таа територија.

Овој предмет, како што брифираат од обвинителството почнал со 16 лица, од група блиска до Раде Трајковски Штекли, но е постигната спогодба со седум, кои нема да бидат во овој предмет. Станува збор за сторители на едно до две кривични дела продажба на кокаин во мала доза, за кои спогодбите по признание на вина се затворска казна од 3 до 3,5 години.






За овој предмет обвинителството скоро една година обезбедувало докази со посебни истражни мерки. Најмногу од купопродажбите биле во Аеродром и локали на таа територија.

Групата најмногу за меѓусебна комуникација користела Снапчат и биле пресретнувани и многу други кривични дела, но за кои, како што се вели во соопштението, ако се тргнело во докажување ќе се оптеретела целата постапка.

Од ОЈО ГОКК, посочуваат дека за истрагата од голема помош бил „селебрити“ системот за екстракција на податоци од телефони и електронски уреди, кој е донација од амбасдата на САД. Без таква опрема не може да се гони ваков криминал, бидејќи, како што посочуваат, од одземените во истрагата уреди и телефони и нивното вештачење се добиле исклучителнижо важни податоци кои биле од помош за истрагата.

Како што информира ОЈО ГОКК, во соопштение по денешниот брифинг, во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година обвинетите како повеќе лица се здружиле во криминална група која на територијата на град Скопје се занимавала со неовластена трговија со наркотични дроги – кокаин и марихуана.

„Врз основа на прибавените докази во истражната постапка утврдено е дека групата била јасно структурирана и имала строго дефинирани улоги меѓу членовите – од набавка и складирање, до пакување, транспорт и продажба на дрогата. Дрогата била складирана во специјално изнајмени станови, а потоа во помали количини дистрибуирана и продавана на нарко-пазарот, по утврдени цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Парите од продажбата се предавале на првообвинетиот кој како награда дел од парите им давал на останатите обвинети, а воедно им давал и насоки за проширување на мрежата на препродавачи“, се вели во соопштението.

Членовите на групата користеле мрежа на препродавачи и посредници од кои седуммина опфатени во овој предмет ја признаа вината и се спогодија со обвинителството и притоа добија затворски казни. Со Обвинителниот акт предметниот обвинител достави и предлог за продолжување на мерка притвор и мерка куќен притвор за обвинетите.

Поврзани содржини