ДИКТАТУРА ВО СПАЛНАТА СОБА Бракот со Сталин бил тежок, а имало само еден излез

Покрај суровиот начин на владеење Сталин бил суров и во неговиот брачен живот со 20 години помладата Надежда

472

Јосиф Сталин ја запозна Надежда Алилујева уште во 1903 година, додека тој беше во брак со Јекатерина Саваниџе. Ги спои неговиот колега револуционер, таткото на Надежда, Сергеј Алилујев.

Големиот водач на Советскиот Сојуз, на почетокот на минатиот век беше професионален револуционер, а барајќи нелегална печатница за пропагандни летоци наиде на една таква во Баку. Сопственик на печатницата беше Алилујев и таа се наоѓаеше во неговит дом, место кое Сталин ќе го посетува често, посебно после смртта на неговата сопруга во 1907.






Посетите на печатницата и домот на Алилуеви ќе станат секојдневие за Сталин. Покрај работата тој ужива и во дружењето со децата – Павел, Ана и шестнаестгодишната Надежда.

Октомвриската револуција ги отвара вратите на високта политика за Сталин па тој е назначен за Комесар за националностите. Не останува должен на Алелујеви, па и нуди на младата Надежда да биде негова лична секретарка и да се пресели во Москва.

Надежда се сели во Москва и покрај работата како секретарка таа се грижи и за Сталин, кој иако моќен живее доста скромно во тоа време.

Брак и терор без сведоци

Свадбената церемонија на Надежда и Сталин била доста скромна, ништо невообичаено за тоа време. Скоро без никакви пишани траги таа станува споруга на 20 години постариот Сталин и почнува да живее со него грижејки се за децата од првиот брак на советскиот диктатор.

Историчарите наведуваат дека Сталин брзо ја покажал својата темна страна и физички и псхички. На едно службено патување тој ја силувал Надежда, а често и говорел дека можно е да се род и таа да му е ќерка затоа што наводно имал врска со нејзината мајка.

Пекол кој трае

Животот на Надежда стана пекол од кој не можеше да избега. Според историчарите постои можност таа да страдала и од некое психичко пореметување, се споменува биполарност, што придонесувало за нагли и чести промени на расположението.

Во 1932 година се прославуаат 15 години од Октомвриската револуција, со многу настани на кои присуствува и Надежда, иако против своја волја. На свечената вечера оргнаизирана во Кремљ таа со Сталин имала жестока кавга пред членовите на политичкот раководство на СССР. После кавгата таа излегува, а Сталин ја продолжува вечерата.

Ова е последна нивна кавга. Таа вечер Надежда решава да го заврши животот и го прави тоа со еден истрел во градите. Револверот со кој пука во себе е подарок од брат ѝ, а е донесен од Берлин.

Самоубиството за кое уште се збрува

Иако официјалните податоци смртта на Надежда ја водат како смрт настаната од последици на болест, историчарите се сложни дека тоа е самоубиство.

Сталин не можел да си дозволи да го гледаат тажен и скршен па и во тие мигови на себе ја презел одговорноста да го организира погребот. На погребот дошол сосема сам, а над ковчегот изустил само „Замина како непријател“.

Сепак нивната ќерка Светлана открива други детали. Според неа Сталин често одел на гробот на Надежда, а останувал таму по цели ноќи, пушејќи луле и зборувајќи со неа.

Ова е последниот брак на Сталин. Тој останал близок само со ќерката Светлана која после неговата смрт емигрирала во САД.

Поврзани содржини