Дикаприо ѝ приреди роденденска забава на мегајахта на 22 години помладата девојка

3,656

Леонардо Дикаприо го прослави 23-тиот роденден на својата девојка Камила Мороне со забава на јахта.

45-годишниот оскаровец ѝ приредил незаборавна роденденска прослава на 22 години помладата девојка.






Тематиката на прославата била поврзана со вестерн елементи, каде што преовладувале каубојските шешири.

 

Актерката Нина Добрев, олимпискиот сноубордер Шон Вајт и актерите Кевин Коноли и Лукас Хас биле видени на забавата.

Суперјахтата „Leight Star“ , долга 43 метри е закотвена во Марина Дел Реј во ЛА. Таа отпловила кон Малибу во 11 часот наутро и се вратила на брегот околу 4:30 часот.

Леонардо и Камила се во врска од декември 2017 година. Во февруари, тие се појавија заедно на Оскарите, а актерот дојде во придружба на девојка за првпат од 2005 година кога беше придружуван од светскиот топмодел Жизел Бундшен.

Поврзани содржини