АКТЕРОТ ДОБИЛ НЕОБИЧНА ЧЕСТ Дикаприо нов вид змија именувал по својата омилена жена
Холивудскиот актер Леонардо Дикаприо на новооткриениот вид змии му дал име по својата омилена жена.
Холивудскиот актер Леонардо Дикаприо на новооткриениот вид змии му дал име по својата омилена жена. Актерот и екологист ја доби честа да именува нов вид змија што јаде полжав, која неодамна беше пронајдена во панамската џунгла.
Наречена е Simon irmelindicaprioae по мајката на актерот Ирмелин Инденбиркен, која често ја носи на доделувањата на наградите.
Видот е исклучително редок и ги населува дрвјата на главно неистражената густа џунгла Чоко-Дариен (Chocó-Darién) која се протега по должината на пацифичкиот брег на Колумбија и северно до Панама.
Уште четири други видови беа исто така откриени во текот на истражувањето во Еквадор, Колумбија и Панама.
Милијардерот Брајан Шет исто така ја доби честа и на една од змиите му даде име Sibon marleyae, по неговата ќерка.
Истражувањето го спровеле биолозите Алехандро Артеага и Абел Батиста.