ДИКАПРИО ДОНИРАШЕ 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА УКРАИНА Длабоко е приврзан за таа земја
Информацијата дека актерот дал 10 милиони долари како поддршка на Украина не ја објави лично тој, туку меѓународна Вишеградска организација.
Холивудскиот актер Леонардо Дикаприо донираше 10 милиони долари како поддршка за Украина, земја со која лично е длабоко поврзан, бидејќи неговата баба по мајка, Хелен Инденбиркен, е родена во Одеса како Јелена Степановна Смирнова.
Во 1917 година Јелена заедно со родителите емигрирала во Германија, каде е родена мајката на Дикаприо. Актерот бил многу близок со својата баба, која од самиот почеток на кариерата му е огромна поддршка. Позната како Хелене Инденбиркен, починала во 2008 година на 93 години, а скоро до крајот на животот се појавувала со внукот и ќерката на филмските премиери.
Информацијата дека актерот дал 10 милиони долари како поддршка на Украина не ја објави лично тој, туку меѓународна Вишеградска организација, проект на Вишеградска група, чија цел е да финансира поддршки од меѓународни иницијативи.
Актерот и продуцент, номиниран за Оскар шест пати, а со престижната награда се закити за улогата во филмот „Повратник“, веќе со години работи и како еколог. Неодамна е вклучен во иницијативата на борба посветена против климатските катастрофи.
Во 1998 година, на 25-годишна возраст, тој со своето семејство ја основа фондацијата Леонардо Дикаприо, која го поддржува „одржливиот развој низ целиот свет“.
Бројни актери и режисери се вклучија во солидарност со украинскиот народ, а многумина собираат пари за конкретна помош на народот.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм