ДИК: СДСМ има предност од два мандати пред ВМРО-ДПМНЕ

Имено, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ и други 44 мандати, Демократската унија за интеграција (ДУИ) освои 15 мандати, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12, Левица два мандати и ДПА еден мандат. 

2,180

По речиси еден час задоцнување Државната изборна комисија (ДИК) ги објави конечните неофицијални резултати од изборите кои се одржаа во текот на вчерашниот ден.

Имено, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ и други 44 мандати, Демократската унија за интеграција (ДУИ) освои 15 мандати, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12, Левица два мандати и ДПА еден мандат.






Според претседателот Оливер Дерковски, право на глас на десеттите парламентарни избори имале 1.814.236 избирачи, а од нив гласале 942.334. Во изборниот процес биле неупотребени 869.889 гласачки ливчиња, додека вкупениот број на важечки ливчиња изнесува 910.868, а, пак, неважечки биле 31.466 ливчиња.

Од конечните неофицијални податоци, Коалицијата „Можеме“ освоила 327.329 гласови, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 315.344 гасови, ДУИ 104.587 гласови, Алијансата за Албанците и Алтернетива освоиле 81.297 гласови, Левица 37.551 глас, ДПА 13. 891 глас, Интегра 12.291 глас, ГДУ 3.555 гласа, МОРО 3.245 гласа, Глас за Македонија 2.801 глас, Единствена Македонија 2.604 гласа, СДУ 2.585 гласа, Твоја 1. 894 гласа, Демократи 1.556 гласа и Народната партија на Ромите освоила 1.225 гласови.

Како што рече претседателот на Државната изборна комисија, редоследот на мандатите изгледа вака:

Изборна единица 1: Коалицијата „Можеме“ 8 мандати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 7 мандати, ДУИ 2, Алтернатива за Албанците и Алијанса 2 и Левица 1 мандат.

Изборна едница 2: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 7 мандати, Коалицијата „Можеме“ 7 мандати, ДУИ 3, Алтернатива за Албанците и Алијанса 3.

Изборна единица 3: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 10, Коалицијата „Можеме“ 9 и Левица 1 мандат.

Изборна единица 4: Коалицијата „Можеме“ има 10 мандати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 10 мандати.

Изборна единица 5: Коалицијата „Можеме“ освоила 8 мандати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоила 8 мандати, ДУИ 3 мандати, Алтернатива за Албанците и Алијанса 1 мандат.

Изборна единица 6: ДУИ освоила 7 мандати, Алтернатива за Албанците и Алијанса 6 мандати, Коалицијата „Можеме“ 4 мандати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 2 и ДПА 1 мандат.

Имено, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ и други 44 мандати, Демократската унија за интеграција (ДУИ) освои 15 мандати, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12, Левица два мандати и ДПА еден мандат.

Дерковски напомена дека по усвојувањето на овој заклучок течат два рокови за приговори кои што можат сите заинтересирани страни да ги поднесат, и тоа приговорот за утврдување на резултатите кој што има 48 часа рок и кој завршува во 21 часот на 17.07.2020 година. Додека вториот тип на приговор е за сумирање на резултатите кој што почнува да тече од кога ќе биде усвоен заклучокот и исто во рок од 48 часа.

Државната изборна комисија има рок од 72 часа да ги разгледа и да одговори на сите приговори.

Поврзани содржини