ДИК: Излезеноста во Штип до 13 часот 16,61, а во Пласница 22,35 отсто

ДИК информира дека до овој момент не се пристигнати никакви приговори во однос на изборниот процес.

365

На денешните предвремени избори за градоначалник на Општина Штип до 13.00 часот гласале 6938 гласачи, односно 16,61 отсто, а на изборите за прв човек на Општина Пласница – 1107 избирачи, односно 22,35 проценти, соопшти претпладнево Државната изборна комисија (ДИК).

ДИК информира дека до овој момент не се пристигнати никакви приговори во однос на изборниот процес.






Право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41 177 гласачи, додека во Пласница 4 954.

 

Поврзани содржини