ОБНОВЕНО ДИК исправа технички грешки, па денеска додаде уште 1.416 гласачи

2,514

Државната изборна комисија попладнево донесе заклучок за исправки на техничките грешки направени при објавувањето на бројките во четвртокот доцна попладне по предвремените парламентарни избори.

Според новите бројки, гласале 943.750 гласачи, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564.






Претходно, како што пишувавме, ДИК објави дека вкупно гласале 942.334 гласачи, а неупотребени биле 869.889 гласачки ливчиња, 910.868 биле важечки ливчиња и 31.466 неважечки ливчиња. Според оваа изборна матеатика на ДИК во заклучокот пред да биде корегиран излегуваа 1.812.223 гласачки ливчиња, а не како што беше објавено од страна на ДИК.

Сега, пресметката покажува  дека бројот на граѓани кои гласале е зголемен за 1.416, а зголемен е за 98 и бројот и на неважечки ливчиња.

Еве го новиот заклучок на ДИК:

До ДИК се пристигнати нови приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите.

Попладнево пред истекот на рокот над 1.980 приговори поднела Левица, а порано денеска Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива поднела 77 приговори.

Претходно до синоќа беа поднесени 82 приговара.

Вечерва во 19, 30 завршува 48- часовниот рок за поднесување приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето, а синоќа во 21 часот заврши рокот за поднесување пригвори за постапката за гласање.

СДСМ најави дека нема да поднесе приговори за овие избори. Најавени се приговори од други политички партии, но тие се уште не се пристигнати до ДИК.

Поврзани содржини