ДИК: До 11 часот излезеноста во Штип 8,52, а во Пласница 13,12 отсто

Право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41 177 гласачи, додека во Пласница 4 954.

263

На денешните предвремени избори за градоначалник на Општина Штип до 11.00 часот гласале 3561 гласачи, односно 8,52 отсто, а на изборите за прв човек на Општина Пласница – 650 избирачи, односно 13,12 проценти, соопшти претпладнево Државната изборна комисија (ДИК).

ДИК информира дека во сите избирачки места во општините Штип и Пласница гласањето се одвива без никакви проблеми.






„Сите избирачки места во општина Штип и општина Пласница се навремено отворени. Гласањето е започнато во 7.00 часот и ќе трае до 19.00 часот“ соопшти  ДИК.

 

Право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41 177 гласачи, додека во Пласница 4 954.

Избирачите со право на глас на вонредните избори за градоначалник на Општина Штип можат да гласаат на 77 избирачки места за еден од петмината кандидати за градоначалник, кој ќе има мандат од девет месеци се до редовните Локални избори во 2021 година.

 

На овие избори за градоначалник во општина Пласница избирачоте од четири села може да гласаат на девет избирачки места.

 

Поврзани содржини