ДИГИТАЛНО БИРО ВО ВАШИОТ РАНЕЦ Како Samsung Galaxy Tab S11 стана новиот центар на нашата продуктивност и релаксација

Технологијата е повеќе од алатка. Таа е партнер. Со Galaxy Tab S11, вие не само што работите попаметно, туку и живеете поквалитетно.

116

Сите го бараме оној совршен баланс: да бидеме максимално ефикасни на работа, а истовремено да имаме уред кој ќе ни овозможи вистинско „бегство“ во светот на забавата кога денот ќе заврши. Во време кога канцеларијата е таму каде што сме ние, границата меѓу работата и приватното време станува сè побледа. Токму тука на сцена стапува Samsung Galaxy Tab S11. Овој таблет е еволуција на начинот на кој размислуваме за мобилноста. Да видиме како овој уред се трансформира според вашите потреби.

Хаотичен ден во канцеларија: Вашиот дигитален секретар






Замислете го вашиот најхаотичен работен ден. Состаноци еден по друг, важни информации кои летаат од сите страни и истражување на нови проекти. Наместо да балансирате со тешки лаптопи и расфрлани тефтери, го отворате Galaxy Tab S11.

Додека трае состанокот со меѓународните партнери, го вклучувате Transcript Assist кој автоматски го снима и транскрибира разговорот. Пред да излезете од канцеларијата, со само еден допир, AI Note Assist го претвора целиот тој материјал во краток, јасен извештај со клучни заклучоци. Повеќе не трошите часови на препишување белешки, туку ваше е само да носите одлуки.

Креативност без граници: Студио кое секогаш е со вас

Креативноста не се појавува секогаш пред работното биро. Најдобрите идеи често доаѓаат додека пиете кафе во парк или додека патувате. За архитектите, дизајнерите и маркетерите, Galaxy Tab S11 е моќно дигитално ателје.

Со усовршеното S Pen пенкало, кое лизга по екранот со речиси нулта латенција (исто како на хартија), можете да скицирате прецизни планови на самото место. Ако пак ви треба брза промена на некој визуелен материјал, Generative Edit функцијата ви овозможува да преместувате објекти на фотографиите или да ги пополнувате позадините со едноставни команди. Со апликациите достапни на Galaxy Tab S11, како Noteshelf 3, ArcSite, Sketchbook и Picsart, ќе имате беспрекорно работење и подобрено креативно искуство. Но најважно, вашата креативност повеќе не е врзана за една локација.

Супер-асистент дома: Командниот центар на вашиот мир

Кога конечно ќе се вратите дома, „втората смена“ и домашните обврски не мора да бидат исцрпувачки. Вашиот таблет тука добива нова улога: мозокот на вашиот паметен дом преку апликацијата SmartThings.

Додека се подготвувате за вечера, на големиот екран на вашиот Galaxy Tab S11 имате преглед на сè: ја пуштате паметната правосмукалка да ги исчисти трошките во дневната, ја прилагодувате јачината на светлата за попријатна атмосфера и добивате нотификација дека рерната е веќе загреана. Наместо да трчате од соба во соба, вие менаџирате со вашиот дом со еден допир, оставајќи си повеќе време за она што навистина го сакате.

Технологијата е повеќе од алатка. Таа е партнер. Со Galaxy Tab S11, вие не само што работите попаметно, туку и живеете поквалитетно.

Не заборавајте да се регистрирате за претстојниот Galaxy Unpacked настан на samsung.com/mk/unpacked и да погледнете како Samsung ќе го понесе на ново повисоко ниво квалитетот на живот. Воедно, со регистрација на линкот, добивате подарок – Samsung безжичен магнетен полнач од 25W при купување на некој од новите уреди.

Поврзани содржини