ДИГИТАЛНИТЕ УСЛУГИ НА ТЕЛЕКОМ ПОДОСТАПНИ ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ Ажурирајте ја апликацијата TelekomMK

Апликацијата TelekomMK е прва инклузивна комерцијална апликација.

0

Македонски Телеком ја претстави новата верзија на апликацијата Телеком МК со нов, модерен и прегледен дизајн и едноставен пристап за сите.

Апликацијата е дизајнирана да овозможи поедноставно, побрзо и поинтуитивно корисничко искуство и за лицата со попреченост. Во оваа насока направени се повеќе промени: текстот е поголем и поконтрастен, сите елементи се приспособени за гласовно читање (voice-over), а со апликацијата којашто ги поддржува сите алатки за асистивна технологија може да се управува и преку тастатура. На овој начин дигиталните услуги стануваат полесно достапни за корисниците со намален вид, слух или со физичка попреченост, а со тоа апликацијата TelekomMK станува првата инклузивна комерцијална апликација во Македонија.






Новиот дизајн на апликацијата нуди подобрена навигација за лесен и брз пристап до содржините и поедноставно управување со услугите и сметките. Услугите се поделени во три дела: мобилна телефонија, интернет и телевизија. Копчето за плаќање сметки е преместено директно под листата на услуги, со што се поедноставува пристапот до најважните информации. Корисниците коишто се дел од групата Magenta 1 лесно ќе ги најдат своите поволности во горниот десен агол, веднаш до нивниот профил.

Со редизајнирањето на апликацијата, Телеком сака да го олесни пристапот до своите услуги дури и за оние коишто претходно имале потешкотии да пристапат до нив. Крајната цел е дигиталните услуги да бидат пристапни и разбирливи за сите.

Корисниците можат да ја преземат или да ја ажурираат својата апликација TelekomMK со најновата верзија преку Google Play или App Store, од вчера, 20 јануари 2026 година.

Поврзани содржини