ДИГИТАЛНАТА НИЧИЈА ЗЕМЈА МЕЃУ СРБИЈА И ХРВАТСКА ОПСТОЈУВА НА ИНТЕРНЕТ Каде е Горња Сига и која е идејата на Вит Јелдичка?
Според официјалниот сајт liberland.org, проектот има регистрирано повеќе од 700.000 дигитални апликации за државјанство, од кои дел се активни во внатрешниот систем на членство.
Во срцето на Балканот, на мал појас меѓу Хрватска и Србија, веќе една деценија, макар и на интернет, опстојува најнеобичниот политички експеримент во Европа. Чешкиот либертаријанец Вит Једличка во април 2015 година формално ја прогласи Слободната Република Либерленд, микродржава од околу 7 квадратни километри во областа Горња Сига, територија која по распадот на Југославија останала административно непретендирана.
Иако Хрватска и Србија не ја признаваат нејзината државност, Либерленд сè уште постои во дигитална форма. Според официјалниот сајт liberland.org, проектот има регистрирано повеќе од 700.000 дигитални апликации за државјанство, од кои дел се активни во внатрешниот систем на членство.
Во јануари 2025 година Либерленд одржал избори за својот „конгрес“ преку блокчејн-платформа, со цел да се симболизира континуитетот на неговата самопрогласена институционалност.
Теренот на Либерленд е физички непристапен. Хрватската полиција го смета просторот за дел од својот граничен појас и ги апси лицата кои се обидуваат да го посетат.
И покрај тоа, Једличка продолжува активно да ја застапува својата идеја, преку конференции и интервјуа, а неговата иницијатива служи како симболичен пример за дигитален суверенитет и минимална власт во 21-от век.
Неговата идеја е десно-либертаријанска, поврзана со идеите за нула даноци, што помала интервенција на државната власт и дигитализирана слободна економија.