ДИГИТАЛНАТА ЕКОНОМИЈА Е НАЈИНТЕРЕСНА ЗА БИЗНИСМЕНИТЕ ОД ДУБАИ Мицкоски им ги нуди градежништвото, туризмот и земјоделството

Трговската размена меѓу двете економии во последните 5 години е 489 милиони долари, а врските кои треба да се постават меѓу бизнисмените од двете земји, како што беше речено , можат да ги зголемат бројките.

155

Македонската економија покажува висок номинален раст во последните четири квартали од 7,8%, имаме високи износи на странски инвеститори и капитални инвестиции, инфлација која ќе ја стабилизираме на 4% годинава и во следните години на 3% и влада која сака да му помогне на стопанството. Дополнително нема веќе политичко влијание врз работата на бизнисите. Овие показатели се добра препорака, со оглед на случувањата во Европа и светот. Мојот кабинет е на ваше располагање и се надевам дека ќе имаме плодотворни состаноци дома.

Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето пред бизнисмени од Стопанската комора на Дубаи, ОАР кои во текот на денот ќе имаат повеќе средби со домашни бизнисмени.






Мицкоски како важни приоритети на владата, а кои можат да ги искористат бизнисмените од ОАР, ги посочи забрзувањето на активноста на градежниот сектор како дел од процесот на зголемување на инвестициите во инфраструктурата, туризмот од кој очекува да оствари 1,5 милиони туристи и зголемени ноќевања за годинава и земјоделството посебно извозот на земјоделски производи.

– Засега добро ни оди. Засега нудиме добри решенија и ги поддржуваме извозниците на европскиот пазар. Добра идеја да се најде друг прозорец за извозот посебно за проширување на извозот во Африка – рече Мицкоски.

Претседателот на Стопанска комора на Дубаи, Рашед Лута рече дека очекува да се продлабочи соработката на бизнис заедниците меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати, а трговската размена да се зголеми за 12% до 2030 година.

– Дубаи им нуди бизнис средина која е подобна за инвеститорите. В него македонските компании погодности, транспортни, логистички за да можат да го зголемат учеството на африканскиот континент и Супсахарска Африка. Нашите бизниси имаат значаен интерес да ги разберат можностите што ги нуди Северна Македонија и се надевам дека ќе дојдеме до заеднички платформи за соработка – порача тој.

Лута рече дека голем потенцијал за соработка има во секторите трговија, одржливост и дигитална економија. Тие се во централно значење и можеме да дојдеме до 12% раст до 2030 година.

Трговската размена меѓу двете економии во последните пет години е 485 милиони долари, а врските кои треба да се постават меѓу бизнисмените од двете земји, како што беше речено, можат да ги зголемат бројките.

Поврзани содржини