ДИЕТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА РАК Намалете го ризикот од болести со исхрана
Сите знаеме дека храната влијае на нашето здравје и квалитетот на животот, но во последно време нутриционистите сѐ повеќе алармираат за фактот дека исхраната навистина може да влијае на ризикот – или намалување на ризикот – од рак.
Неверојатни 25% од 18 милиони случаи на рак во САД би можеле да се спречат со подобрување на исхраната, покажало истражувањето на Харвард Т.Х. Чан Школата за јавно здравје, известува WebMD.
Прекумерната тежина или дебелината може да ве изложи на ризик за голем број видови на рак, вклучувајќи рак на дојка, црн дроб и дебело црево, меѓу неколку други, велат од Американското здружение за рак.
Здравата исхрана може да помогне во борбата против овие болести намалувајќи ги ризиците поврзани со дебелината – првенствено хронично воспаление, пред сѐ, хроничните воспаленија, предупредуваат експертите од Харвард.
Развивањето воспаление поради лошата исхрана предизвикува зголемување на нивото на инсулин, што може да доведе до фактори на раст слични на IGF-1 инсулин, рекол д-р Едвард Џованучи, професор по исхрана и епидемиологија на Универзитетот Харвард.
Повеќе за ова на „Арт кујна“.