📷 ДИДИ ПРВПАТ СЕ ОГЛАСИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ПО НЕГОВОТО АПСЕЊЕ Еве што објави раперот

Музичкиот магнат Шон Диди Комбс се огласи на социјалните мрежи за првпат по неговото апсење. На неговиот инстаграм-профил е објавена фотографија од неговата ќерка Лав Шон, на која и го честитал роденденот.

283

Музичкиот магнат Шон Диди Комбс се огласи на социјалните мрежи за првпат по неговото апсење. На неговиот инстаграм-профил е објавена фотографија од неговата ќерка Лав Шон, на која и го честитал роденденот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOVE (@diddy)







„Среќен роденден! Тато те сака“, напишал тој.

Инаку, раперот е татко на седум деца, кои ги добил со четири жени. Диди ги има синовите Квинси (33), Џастин (30), Кристијан (26) и ќерката Шанс (18), близначките Д’Лила и Џеси (17) и најмладата ќерка Лав Шон (2), која ја доби со манекенката Дана Тран.

Да потсетиме, Диди е уапсен во Њујорк и се наоѓа во притвор и се соочува со обвинувања дека сексуално злоставувал жени и ги терал да учествуваат во секс-забави и дрогирање користејќи закани и насилство. Во понеделникот, две жени и четворица мажи поднесоа серија нови тужби против Диди пред федералниот суд во Њујорк.

Обвиненијата опфаќаат настани што наводно се случиле од 1995 до 2021 година. Еден од тужителите изјавил дека имал 16 години кога присуствувал на една од забавите на Диди и тврди дека Комбс за време на разговорот одеднаш му наредил да се соблече.

Адвокатите на раперот ги отфрлија обвинувањата. Тие изјавија дека „Диди никогаш не злоставувал никого сексуално – ниту возрасни, ниту малолетници, ниту мажи, ниту жени“.

Поврзани содржини