ДИЈАНА РОС Ѝ ИСПРАТИ ПОРАКА НА КРАЛИЦАТА Платинестиот концерт собра бројни ѕвезди

572

Концертот по повод платинестата годишнина од владеењето на британската кралица Елизабета, синоќа во Лондон го отвори групата „Квин“.

Ѕвезда на концертот кој го следеа милиони ширум светот и илјадници во Лондон, беше познатат пејачка Дијана Рос.






78-годишната пејачка изгледаше прекрасно облечена во бело-црн фустан, а настапот го заврши со обраќање до кралицата:

– Од сите луѓе овде вечерва и милиони што гледаат низ светот, имаме една едноставна порака за вас: Ви благодариме.

На гала концертот настапија и „Дуран Дуран“, Крег Дејвид, Алиша Кис и Род Стјуарт.

Поврзани содржини