ДИЈАГНОЗАТА Е ПОСТАВЕНА Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека поради Заев сме заглавени до гуша
Народот одбра промени и време е тие промени изразени недвосмислено на локалните избори да се преточат во стабилна влада според волјата на народот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Народот го порази Заев. Поразен е заевизмот и народот бара промени, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот јасно кажа дека Зоран Заев и СДСМ се извор на кризите во Македонија. Поради Заев сме до гуша заглавени во здравствена, енергетска и економска криза. Поради Заев сме рекордери по смртност во ковид пандемијата. Поради нивната неспособност сме тотално неподготвени за енергетската криза која претстои. Поради недомаќинското работење сме на дното по странски инвестиции во регионот и со најслаби економски показатели. Поради нивната криминализираност сме на врвот по корупција во Европа и во светот, поради аматеризмот сме во ќорсокак во евроинтегративните процеси. СДСМ и Заев се причината поради која Македонија тоне и затоа кога веќе е поставена дијагнозата, време е да се реши проблемот. Решението на проблемот наречен Заев и СДСМ се брзи предвремени избори. Народот му покажа на Заев црвен картон. Народот одбра промени и време е тие промени изразени недвосмислено на локалните избори да се преточат во стабилна влада според волјата на народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.