Дијабетичарите бараат навремено достапен инсулин до секој пациент

171

Сојузот на здруженија на дијабетичари апелира државата да обезбеди непречено и навремено снабдување со инсулин на сите пациенти на кои им е потребен. Велат дека во изминативе два три месеци се јавиле проблеми со достапноста на одредени инсулини и бараат надлежните институции да преземат мерки.

– Прогласувањето на пандемијата со ковид-19 во РС Македонија, сите заедно сме исправени пред многу предизвици. Ние како Сојуз кој обединува сите лица со дијабетес, се обидуваме во овие тешки услови да дадеме сѐ од себе за регулирање на основната состојба – дијабетесот, но и да не дозволиме да се развијат компликации или пак тие да се влошат. Лицата со дијабетес, кај децата и адолесцентите и нивните семејства, чувствуваат огромна несигурност, во последните 2 – 3 месеци со недостаток на одредени иснулини, кои се потврдуваат на делови од територијата на државата – се вели во денешното соопштение од Сојузот.






Оттаму се надеваат дека недостигот на одредени видови инсулин ќе биде надминат во скоро време во интерес на здравјето на сите лица со дијабетес, а со тоа и во интерес на јавното здравје.

Поврзани содржини