Дезинфицирани се супермаркетите во општина Центар

546

Општина Центар изврши дезинфекција на супермаркетите на својата територија. За безбедност на купувачите и вработените дезинфицирани се маркетите на Веро, Тинекс, Рамстор, Жито маркет, Кам маркет и Стокомак и тоа корпите и количките за пазарување, подовите и површините кои се во допир со потрошувачите, како што се фрижидерите, услужните пултови, наплатните каси и вратите.

Општина Центар спроведе повеќе големи акции за дезинфекција на јавните површини со кои беа опфатени улиците, парковите, детските игралишта, спортските терени и урбаната опрема. Извршена е и дезинфекција на сите влезови во станбените згради и поставивени се  гелови за дезинфекција на раце во влезовите. Дезинфицирани се и сите воспитно-образовни установи на територијата на општината.

 

Поврзани содржини