ДЕВОЈКИТЕ БИЛЕ ОД ПОРТУГАЛИЈА, СЕ ЗАГУБИЛЕ НА ПАТ ОД ВОДНО ЗА МАТКА Откако ги пронашле, конзулот ги пречекал во ресторанот Матка
Во 18.40 часот, туристките беа пронајдени во добра здравствена состојба и транспортирани до ресторанот Матка. На самото место ги пречека почесниот конзул на Република Португалија, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување за брзата реакција на службите. Девојките ги пронашол тим за планинско спасување од Тетово.
Двете девојки кои попладнево, 26 септември, беа пријавени за исчезнати на Водно биле државјанки на Португалија упатени по планинската рута од врвот на Водно кон Матка, обзнани директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, повикувајќи се на информација од Центарот за управување со кризи.
Ангелов вели дека случајот бил пријавен околу 17.00 часот, по што веднаш бил мобилизиран тим за планинско спасување од Тетово. Екипата на терен бргу започнала пребарување, а операцијата имала успешен епилог.
– Во 18.40 часот, туристките беа пронајдени во добра здравствена состојба и транспортирани до ресторанот Матка. На самото место ги пречека почесниот конзул на Република Португалија – додава Ангелов.