Девојката била претепана пред два месеци: Се плашев да пријавам! ВИДЕО

Пепи ми се закануваше, јас и тој одамна раскрстивме, ама не сакав да си имам проблеми. Бев лом, ме тепаа со клоци, вели девојката.

5,696

На татко ми му е лошо откако синоќа го виде видеото на кое ме тепаат со клоци. Тој не заспа и само пуши цигари, вели претепаната девојка, настан за кој јавноста дозна откако на социјалните мрежи денеска се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како две момчиња брутално тепаат девојка, која притоа ја обвинуваат дека излажала дека е бремена.

Девојката сведочи дека видеото е старо два месеци, а на прашањето, зошто досега не ги пријавила насилниците, вели:






– Пепи ми се закануваше, јас и тој одамна раскрстивме, ама не сакав да си имам проблеми. Бев лом, ме тепаа со клоци.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев информираше дека приведени се двајцата насилници.

Видеото со разговорот со девојката го објави новинарот Фуркан Салију.

 

Поврзани содржини