Ванеса Сиера, која во последните месеци е во врска со австралискиот тенисер со хрватски корени, Бернанд Томиќ, признала на Инстаграм дека има трауматично минато.
Ѕвездата на ријалити шоуто „Љубовен остров“ се присетила дека на 15 години немала ниту дом ниту храна.
– Иако е тешко да се поверува, мојот живот и животната приказна ги чував во тајност. Живеев на улица на 15 години, без дом, со денови не јадев. Не можев да добијам социјална помош бидејќи бев премногу млада за да бидам бездомник. Ме киднапираа зависници и ме злоставуваа – открила таа.
Додала дека и покрај сето тоа изградила убав живот и дека сака да им помогне на другите кои поминуваат низ истото.
„Ми беше тешко, но имав среќа, па ако можам да помогнам и некому да му го разубавам Божиќ, тоа би ми ја поправило сликата за годинава“, напишала таа.
Додала дека досега донирала конзола за игри на момче кое останало без својата мајка, вештачки колк на кучето Мус и уште неколку работни чизми и ѝ платила партиципација за училиште на една личност.
Додала дека ќе продолжи да подарува до Бадник и ги замолила сите да тргнат по нејзиниот пат.
Врската со Томиќ ја објави во ноември, а тој се појавил и на нејзиниот профил на OnlyFans.
– Тоа беше негова идеја, не го наговорив јас. Само одлучи еден ден да се појави таму – рекла таа.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм