Кимберли Гилфојле, девојка на помладиот син на американскиот претседател Доналд Трамп е позитивна за вирусот корона. Според „Гардијан“, Доналд Трамп Џуниор е негативен за вирусот корона.
САД се први во светот по број на заразени и починати од коронавирус, а веќе трет ден по ред пријавуваат повеќе од 50.000 нови случаи на коронавирус.
Според податоците од веб-страницата на „Worldometers“, во Соединетите држави биле заразени 2.890.588 лица, а од коронавирусот починале 132.101 луѓе.
САД во петокот пријавиле најмалку 51.842 нови случаи, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.
Калифорнија, Аризона, Тексас и Флорида објавија рекорден број нови случаи на инфекција оваа недела. Флорида во петокот пријави скоро 9.500 нови случаи на коронавирус, а Тексас 7.555.