🎥 ДЕВОЈКАТА НА ПОКОЈНИОТ ЛИАМ ПЕЈН СПОДЕЛИ ВИДЕО СО ПЕЈАЧОТ „Ми недостигаат овие моменти…“

Кејт Касиди, девојка на покојниот пејач на Уан Дирекшн, сподели видео со Лиан Пејн кое никогаш порано не е видено, заедно со порака за тоа колку многу ѝ недостига нивното време заедно.

61

Кејт Касиди, девојка на покојниот пејач и поранешен член на One Direction, Лиам Пејн, сподели видео кое никогаш порано не е видено на социјалните мрежи кое длабоко ги трогна нивните обожаватели.

Во видеото, кое беше објавено на нејзиниот Инстаграм профил, Кејт и Лиам учествуваат во популарниот тренд на Tик-Ток, со препознатливи движења и музика за песната „Funky Town“. Видеото е снимено во опуштена, домашна атмосфера, а нивната хемија, насмевки и енергија јасно покажуваат колку биле поврзани.






Кејт напиша едноставен опис покрај видеото.

– Ми недостига да правам трендови како овој – јасно стави до знаење колку многу ѝ недостигаат тие моменти со Лиам. Обожавателите ја изразија својата тага во коментарите, но и својата благодарност за споделувањето на ова интимно сеќавање.

– Не можам да престанам да гледам, срцето ми се крши, Тој е сè уште со тебе, ова е прекрасно, Тој е твојот ангел чувар – се само некои од многуте емотивни коментари.

Пред неговата смрт, Лиам пристигнал во Аргентина со својата девојка Кејт на петдневен одмор за да присуствува на концерт на неговиот поранешен колега Ниал Хоран.

Потоа Кејт се вратила во САД, а Лиам останал и потоа и починал во морничав пад од третиот кат на хотел во Буенос Аирес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Cassidy (@kateecass)

Поврзани содржини