Девојката на Марадона низ солзи: Ми забранија да се простам од него, Бог гледа сѐ, ќе платат за ова ВИДЕО

1,848

Легендарниот Диего Марадпна погребан е во Буенос Аирес во кругот на семејството и пријателите.

Незапамтени мерки на безбедност, многубројна полиција го обезбедувала возилото во кое бил Диего, навивачите ги блокирале сите патишта, за на крај да го блокираат и приодот кон гробиштата.






Според аргентинско време, вчера од 8 до 16 часот сите можеле да се простат од Марадона во Претседателската палата, каде се собрале милион луѓе, а патот од Палатата до гробиштата траел неколку часа.

Неколку пати полицијата морала да интервенира, а на погребот присуствувале малку луѓе.

Таму била поранешната сопруга Клаудија, но влез не и бил дозволен на последната девојка на Марадона , Росио Оливи.

– Одлуката ја донела Клаудија, не знам зошто ова ми го направија. Само сакав на Диего да му кажам збогум. Му бев последна девојка, имам право како и сите други да се простам од него. Би требало повеќе да мислат на Диего, кој не е веќе меѓу нас. Бог гледа сѐ и ќе платат за ова – изјавила Росио Олива во солзи.

Неа не и било дозволено да влезе ниту во Претседателската палата.

Поврзани содржини