Девојка во Индија претепана до смрт оти сакала да носи фармерки

Кој ја убил Неха? Полицијата покренала обвинeнија за убиство и за уништување на докази против 10 лица, меѓу кои бабите и дедовците на Неха, чичковците и тетките, братучедите, но и возачот на автомобилот. Обвинетите допрва треба да даваат каква било изјава во јавноста.

412

Брутално истепана со стап до смрт од нејзиниот дедо и чичковци била 17-годишната Неха Пасван од областа Утар Прадеш во Индија, само затоа што сакала да носи фармерки. Случајот е еден од повеќето кои се најдоа на насловните страни во Индија и кажува во колку небезбедна и патријархална средина живеат жените во овој дел од светот, пишува Би-Би-Си.

– Таа држеше религиски пост кој трае цел ден. Вечерта, облече фармерки и ги изврши своите ритуали. Кога нејзините баби и дедовци ѝ се спротивставија поради нејзината облека, Неха им возврати дека фармерки се направени за луѓето да ги носат и дека ќе ги носи – рече нејзината потресена мајка.






Тогаш таа исчезнала, а мајка ѝ ги замолила роднините да одат и да ја побараат. Но, тие не можеле да ја пронајдат цела ноќ. Дури следното утро, се расчуло дека тело на девојче виси од мостот на реката Гандак што тече низ регионот. Кога отишле да испитаат, откриле дека телото е на Неха.

Кој ја убил Неха? Полицијата покренала обвинeнија за убиство и за уништување на докази против 10 лица, меѓу кои бабите и дедовците на Неха, чичковците и тетките, братучедите, но и возачот на автомобилот. Обвинетите допрва треба да даваат каква било изјава во јавноста.

Неха Пасван е ќерка на градежен работник, а таа самата сакала да стане полицајка. Но, сега нејзините соништа никогаш нема да бидат исполнети, вели мајка ѝ. Нејзините снаи ѝ вршеле притисок да го напушти локалното училиште и да носи само индиска традиционална облека.

Дури 20 жени во просек се убивани во Индија секој ден затоа што не донеле доволно мираз на својата свадба. Неконтролираната состојба со семејното насилство е алармантна. Мали девојчиња се убивани и затоа што нивните родители претпочитале машко дете.

– Владата вели дека безбедноста на девојките е приоритет и најавува големи шеми за нивна благосостојба, но ништо не се случува на теренот – вели г-ѓа Шивхаре, активистка за родови права.

Минатиот месец, 20-годишна девојка од областа Мадја Прадеш беше тепана од нејзиниот татко и тројцата братучеди затоа што сакала да избега од куќата во кој била насилно омажена. Недела дена пред инцидентот, две девојчиња биле безмилосно претепани од членовите на нивното семејство затоа што разговарале по телефон со братучед маж во соседната област Дар.

Поврзани содржини