ДЕВОЈКА УДРИЛА ВО БЕТОНСКИ СТОЛБ Изгубила контрола врз електричниот тротинет

570

Осумнаесетгодишна девојка е тешко повредена откако изгубила контрола врз електричниот тротинет и удрила во бетонски столб, вчера во Скопје.

Според полицијата, на 24.06.2025 околу 14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Партизански oдреди во Скопје, А.Е.(18) од Скопје, управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и удрила во бетонски столб.






Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани содржини