ДЕВОЈКА ПАДНА ЗАД ГРБОТ НА ШИЛЕГОВ Градоначалникот забележа мешаница, па си продолжи да зборува (ВИДЕО)

Засега не е позната здравствената состојба на девојката, а некои медиуми објавија дека таа е кандидатка за советник во Град Скопје од редовите на СДСМ.

5,643

Девојка се струполи од бината на вчерашниот предизборен митинг на актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов во паркот „Ибни Пајко“ во Кисела Вода.

Како што може да се забележи од видеото, додека Шилегов говори пред граѓаните за идните проекти, една од девојките кои стоеја зад неговиот грб одеднаш падна од бината. Актуелниот скопски градоначалник на кратко се сврте, но веднаш продолжи да зборува пред граѓаните.






Засега не е позната здравствената состојба на девојката, а некои медиуми објавија дека таа е кандидатка за советник во Град Скопје од редовите на СДСМ.

Во продолжение, погледнете го видеото:

Поврзани содржини