📽 ДЕВОЈКА ОД ФИНСКА СВИРИ МАКЕДОНСКА ЕТНО МУЗИКА Лемпи и Влатко шират етно звуци на пазарите низ Источна Македонија
Етно составот е формиран на иницијатива на Влатко Ристовски од Македонска Каменица, а во него одлично се вклопува младата девојка Лемпи од Финска.
Звуците на македонската етно музика се шират низ пазарите во Источна Македонија. За тоа се заслужни Влатко Ристовски од Македонска Каменица и милозвучниот глас на Лемпи која доаѓа од Финска. Етно составот е формиран на иницијатива на Влатко, а во него одлично се вклопува младата девојка од Финска.