ДЕВОЈКА ОД АРАЧИНОВО БЕГАЈЌИ УДРИЛА ПОЛИЦАЕЦ Неколку претреси и апсења во Скопје поради дрога

При еден од претресите, исто така, на подрачјето на Гази Баба, полициските службеници затекнале две женски лица кои одбиле да се легитимираат. Една од нив со патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки го напуштила местото и притоа со возилото удрила еден од полициските службеници.

340

26-годишна девојка од Орланци одбила деа се легитимира и при бегањето од полициските службеници, таа удрила во еден од полицајците.

Имено, вчера на подрачје на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога и полициски службеници од Единицата за недозвoлена трговија при СВР Скопје го уапсиле В.К.(34) од Скопје.






МВР во врска со ова лице има превземено мерки и активности каде со обезбедени докази се дошло до сознание дека ова лице врши продажба на дрога. Ваквите наводи се потврдиле при вчерашниот преглед на неговото возиле каде било пронајдено хероин.

Дополнително на овој настан од МВР извршиле претреси на три различни локации во Скопје. При еден од претресите, исто така, на подрачјето на Гази Баба, полициските службеници затекнале две женски лица кои одбиле да се легитимираат. Една од нив со патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки го напуштила местото и притоа со возилото удрила еден од полициските службеници.

По преземени мерки било констатирано дека се работи за лицето А.Ј.(26) од с.Орланци, општина Арачиново, која набргу била пронајдена и лишена од слобода.

По целосно документирање на случајот, во координација со ОЈО ќе бидат поднесени соодветни пријави по чл. 215 и 383 од КЗ.

Поврзани содржини