ДЕВОЈКА И ПОВОЗРАСНА ЖЕНА БИЛЕ НАПАДНАТИ ВО АЕРОДРОМ Сторителот употребил сила за да им одземе пари, накит, документи…

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и дали станува збор за истиот напаѓач.

464

Во саботата две жени во два одделни случаи пријавиле дека биле физички нападнати во Аеродром при што им биле одземени вредни предметни.

61-годишна скопјанка пријавила дека околу 16.10 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело личен накит.






Неколку часа подоцна А.Ј. (20) од Скопје пријавила дека околу 19.30 часот во близина на трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело чанта со пари, лични документи и лични предмети.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и дали станува збор за истиот напаѓач.

Поврзани содржини