ДЕВОЈЧИЊАТА СЕ ФОКУСИРААТ НА ИЗГЛЕДОТ УШТЕ ОД ГРАДИНКА Истражување покажало дека сакаат да бидат убави пред да научат да си го избришат носот
Девојчињата рекоа дека мора да бидат убави за да бидат девојчиња и дека е важно да се изгледа убаво“, вели главната авторка на истражувањето, Меј Линг Халим, во колумна за HuffPost.
Повеќето девојчиња ги разбираат културолошките очекувања да бидат убави пред да научат да читаат или пишуваат. Истражувачите интервјуирале 170 деца на возраст од три до пет години за да откријат на која возраст децата почнуваат да се грижат за својот личен изглед. Студијата покажала дека девојчињата од предучилишна возраст им придаваат големо значење на изгледот и убавината, додека момчињата на истата возраст – не.
„Девојчињата рекоа дека мора да бидат убави за да бидат девојчиња и дека е важно да се изгледа убаво“, вели главната авторка на студијата“, Меј Линг Халим, во колумна за HuffPost.
Кога им беше претставен избор на облека и занимања, девојчињата избираа поубави парчиња и занимања поврзани со изгледот, како што е манекенството. Ова е во согласност со друга студија која покажа дека девојчињата гравитираат кон играчки кои се фокусираат на изгледот.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.