Девојчето кое почина во Србија немало коронавирус

Директорот на Општата болница во Нови Пазар д-р Мехо Махмутовиќ за српски Курир изјавил дека девојчето воопшто не боледувало од ковид-19, како што претходно соопштила четиричлената лекарска комисија од таа болница.

1,813

Директорот на Општата болница во Нови Пазар д-р Мехо Махмутовиќ изјавил дека девојчето од Тутин не починало од компликации предизвикани од коранавирусот. Тој за српски Курир изјавил дека девојчето воопшто не боледувало од ковид-19, како што претходно соопштила четиричлената лекарска комисија од таа болница.

– Девојчето имаше миокардитис – воспаление на срцевиот мускул, лечено е пред месец-два во болницата во Краљево, а тој 21 јануари практички мртва е донесена во новопазарската болница од Домот на здравје во Тутин. Веднаш е реанимирана и сместена на интензивна нега каде што набрзо и починала. На девојчето направен и е антигенски тест, кој беше негативен, како и ПЦР, чии резултати стасаа следниот ден. А и пред месец-два, кога девојчето е лечено во Краљево, секој пат беше негативно, како и мајката која е тестирана бидејќи се мислеше дека можеби жената е заразена бидејќи е медицинска сестра – вели д-р Махмутовиќ.

Поврзани содржини