ДЕВОЈЧЕ ПОЧИНАЛО НА ПАТ КОН БОЛНИЦА „Мерцедес“ го прегазило на улица во Скопје

14,610

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во Скопје била прегазена малолетничка која починала на пат кон болница.

„На 30.06.2023 во 13.45 часот било пријавено дека во Скопје на улица Метохиска патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Н.(45) од Скопје удрило во малолетничка“, соопшти МВР.






Во незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, а на пат кон болница починала.

„Од страна на лекар од болницата „Систина“ констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.

Поврзани содржини