ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ ВО ДЕКЕМВРИ ИЗНЕСУВАЛЕ 4,9 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Најмногу се пласирани во хартии од вредност

Според податоците на Народна банка, 16,5% од резервите се во монетарното злато, а во валути и депозитите 9,3%.

108

На крајот на декември 2025 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 4,9 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 63,1 милион евра, објави Народната банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,2%), по што следуваат монетарното злато (16,5%) и валутите и депозитите (9,3%).






Како што изјави неодамна гувернерот Трајко Славески, девизните резерви се повисоки за околу 50% во однос на 2019 година и се на комотно ниво коешто гарантира стабилност на девизниот курс и обезбедува простор за интервенции, доколку се укаже потреба.

– Доколку се земе предвид дека девизните резерви треба да обезбедат покриеност на увозот од најмалку четири месеци, таа кај нас во моментов изнесува 4,6 месеци, што е над сите меѓународни стандарди – рече Славески во телевизиско гостување.

 

Поврзани содржини