ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ ТЕЖАТ 4,34 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Народна банка соопшти каде се инвестирани

Според утврдената инвестициска рамка, најголемиот дел од девизните резерви на крајот од јуни се распределени во хартии од вредност (60,1%), по што следуваат валутите и депозитите (28,8%) и монетарното злато со 11,1%“

103

Девизните резерви забележаа раст во вториот квартал на 2024 година и на крајот на јуни изнесуваа 4,34 милијарди евра. Според утврдената инвестициска рамка, најголемиот дел од девизните резерви на крајот од јуни се распределени во хартии од вредност (60,1%), по што следуваат валутите и депозитите (28,8%) и монетарното злато со 11,1%“, соопшти Народна банка по усвојувањето на  извештајот за управување и инвестирање на девизните резерви во вториот квартал од 2024 година од страна на Советот.

Притоа е констатирано дека дел од растот на девизните резерви е одраз на поволните движења на девизниот пазар и интервенциите на Народната банка со откуп на девизи, коишто се одвиваа и во текот на третото тримесечје.






„Управувањето со девизните резерви беше во согласност со нивната основна намена при спроведувањето на монетарната политика, поддршката на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и одржувањето на тековната ликвидност за редовно извршување на обврските на државата кон странство“, се наведува во соопштението.

Оценето е дека во согласност со принципот на сигурност, при позначителна променливост на финансиските пазари, беа зголемени најзастапените вложувања во државни обврзници издадени од земји членки на еврозоната со највисок кредитен рејтинг, меѓу кои и зелените државни обврзници, во склад со заложбата за одржливо инвестирање.

Советот оценил и дека инвестициите биле насочени во најбезбедни инструменти соодветствувало на пазарното опкружување коешто во текот на вториот квартал се одликуваше со променливи движења, условени од динамиката на инфлацијата во еврозоната.

„Инвестициската активност се приспособуваше кон поволните економски остварувања на глобално ниво, во согласност со сигналите на централните банки за попретпазлив пристап во однос на намалувањето на референтните каматни стапки. Имајќи ја предвид утврдената инвестициска рамка, најголемиот дел од девизните резерви на крајот од јуни се распределени во хартии од вредност (60,1%), по што следуваат валутите и депозитите (28,8%) и монетарното злато со 11,1%“ се наведува во соопштението

Девизните резерви во земјите од еврозоната и натаму имаат највисока застапеност во географската распределба на девизните резерви, а од аспект на валутната структура преовладуваат пласманите во евра, во согласност со примената на монетарната стратегија на целење на номиналниот девизен курс на денарот во однос на еврото.

Поврзани содржини